Дома Фудбал Милер со интересна изјава за Халанд: Подобро ќе хранам коњи и зајаци

Милер со интересна изјава за Халанд: Подобро ќе хранам коњи и зајаци

Ѕвездата на Баерн Минхен, Томас Милер даде урнебесен коментар за можноста Ерлинг Халанд да се пресели на „Алијанц Арена“.

Милер беше запрашан дали е спремен да го „храни“ со топки Халанд, доколу пристигне во Баерн Минхен.

„Преферирам да ги хранам моите коњи и зајаци“, изјави Милер.

Халанд е еден од најбараните напаѓачи во Европа, а медиумите пренесуваат дека Баерн сака да го донесе како замена за Роберт Левандовски.

Сепак, според зборовите на Милер тој сигурно преферира да игра со полскиот голгетер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Биографијата на Панчев доби место меѓу подароците за Ренџерс

Горан Кипријановски ја подари книгата за Дарко Панчев при посетата на „Иброкс“. Во Ренџерс…