Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски денеска го објави списокот на повикани фудбалери на кој дебитираат Бехар Фета и голманот Алчевски.
„Сакам да им посакам добредојде на двајцата дебитанти заедно со Стојчевски и Илиевски кој не е со нас и се приклучуваат од последната генерација за У21. Се надевам ќе се наметнат за во иднина“, истакна Милевски.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
И на овој собир има проблеми со повреди, Костадинов ќе го нема, а неизвесни се Муслиу и Трапановски.
„Повторно имаме проблеми со повреди. Тихо Костадинов не е во можност да помогне, Муслиу и Трапановски се под знак прашалник. Се надевам ќе бидат здрави и ќе можат да помогнат. Свесни сме за важноста на двата натпревари“.
Целта и сега ќе биде иста – победа!
„Во секое обраќање на поменувам дека секој бод и гол се важни. Натпреварите ги почнуваме со една цел и тоа триумф, сакаме да ги намалиме грешките кои се неизоставен дел од секој натпревар. Победата е императив. Очекувам потежок натпревар со Летонија од тој во Рига, секогаш мора да го дадете максимумот за позитивен исход“, напомена Милевски.