Во пресрет на утрешниот натпревар против Ерменија на домашен терен против денеска селекторот Благоја Милевски ја одржа редовната прес-конференција.
Натпреварот со Ерменија го играме во рамките од второто коло откако во првото ремизиравме со Фарски Острови 1:1.
Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓
Според Милевски токму натпреварите со Ерменија ќе бидат најважните во битката за првата позиција.
„Секако дека ментално не е сменето ништо, познавајќи ги моите фудбалери, тие се спремни за секој нов предизвик. Имаме резултатско разочарување, но без потценување на Летонија и Фарски, Острови мислам дека директните дуели против Ерменија ќе го одлучат патникот во следната фаза. Нашите мисли се фокусирани кон Ерменија и она што може да го очекуваме на теренот“.
Милевски беше запрашан за одредени фудбалери како Трапановски и Јани Атанасов кои не добија шанса ниту од клупата.
„Тоа е ваше мислење, моето мислење е понакво. Се што се случуваше против Фарски, посебно во вториот дел кога доминиравме не можам да замерам, единствено на агресијата која беше послаба во текот на целиот меч. Притисокот секогаш постои, но ќе повторам ги познавам фудбалерите, тие се ментално силни и спремни се да се вратат од тежок резултат“.
„Фудбалерите кои се на овој собир според мене се најдобрите кои ги имаме. Ако барам натпреварувачка форма треба да немаме 70% од тимот. Јас го гледам потенцијалот кој го познавам индивидуално кај секој фудбалер, формата во клубовите не е пресудна. Против Фарски Острови имавме други очекувања, но се случи тоа што се случи. Кој ќе настапува и кој ќе добие шанса ќе одлучам јас, формата во клубот и играта за репрезентацијата е нешто различно“, изјави Милевски.
Натпреварот против Ерменија го играме утре во терминот од 20:45 часот.