Дома Топ вести Милевски задоволен: Ако Македонија изгледа вака во иднина, јас ќе бидам многу среќен

Милевски задоволен: Ако Македонија изгледа вака во иднина, јас ќе бидам многу среќен

Без разлика на резултатот со Црна Гора, селекторот на фудбалската репрезетација на Благоја Милевски е задоволен и смета дека националниот тим е на добар пат.

-Ако Македонија изгледа вака во иднина, зборувам за играта, јас ќе бидам многу среќен. Секако не можеме да бидеме задоволни од резултатот кој е најважен, ама не и на вакви контролни натпревари.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Црна Гора освен при голот, не упати ниеден удар кон нашиот гол. Доминиравме, посебно во првото полувреме, се што побарав од фудбалерите беше комплетно исполнето.

Има проблеми при бранење на прекини, корнерите, се обидовме да го промениме, игравме еден вид на зона. Се случуваат грешки и ќе мора да работиме и понатаму.

Ова беа одлични проверки, од кои ќе имаме многу полза во иднина и мислам дека сме на добар пат, -порача селекторот Милевски.

Следните натпревари за Македонија се против Хрватска и Чешка во месец јуни.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Македонската делегација продефилира на свеченото отворање на ЛОИ

Знаменосците Дарио Ивановски и Мила Релјиќ го развеаја македонското знаме на бродот по Сен…