Дома Македонски спорт Мила Рељиќ освои златен медал на Астерикс Опен 2019

Мила Рељиќ освои златен медал на Астерикс Опен 2019

0

Мила Рељиќ со 3 доминантни победи освои златен медал во својата конкуренција на меѓународниот натпревар 4 Астерикс Опен што се одржа викендов во Ниш, Србија. Во конкуренција од 800 натпреварувачи од 11 земји, од ТК Тигри-Скопје, учество земаа 4 натпреварувачи.

Во првото коло Мила со технички нокаут при резултат од 34:6 ја победи Марија-Елени Стергиу од Грција, во полуфиналната борба ја победи Даница Делиќ од ТК Херкулес од Србија со високи 16:1, а во финалето издвојува победа и над извонредната Сандра Стамевски од ТК Империум со 4:3 која во својата кариера има неколку медали од најсилните Г1 турнири.

Ова е одличен резултат за Мила, со тоа и ако се земе предвид дека и малку фалеше да биде прогласена за најдобра јуниорска натпреварувачка. Имена во вкупната класификација за најдобра натпреварувачка Мила имаше позитива од 44 поени разлика во само 3 победи, додека првопласираната Напилона Бобогијани (Јуниорки -55кг) имаше 25 поени разлика но од вкупно 4 победи поради поголема број пријавени учеснички во својата категорија. Последнава година Мила има освоени бројни медали и учества на меѓународни натпревари.

Од ТК Тигри-Скопје, учество земаа уште неколку натпреварувачи во најсилната А класа (Виктор Петковски Кадети -45кг; Александра Крстиќ – Јуниорки -55 кг; Тамара Младеновска – Јунирки – 63кг) кои покажаа одлични борби но не успеаа да се закитат со медали.

Advertisements
    Прочитајте поврзани статии
    Load More In Македонски спорт

    Проверете

    Вардар со специјален дрес во Келн (фото)

    Ракометарите на Вардар со нови дресови ќе настапат на завршниот „Фајнал фор“ турнир во Кел…