Дома Фудбал Италија Милан ќе се жали на казната за Игуаин

Милан ќе се жали на казната за Игуаин

0

Дисциплинската комисија на Серија А денес го казни Гонзало Игуаин со два меча суспензија поради црвениот картон добиен на мечот против Јувентус.

Игуаин доби црвен картон во 83-та минута бидејќи бурно протестираше на одлуката на судијата Мацолени да му покаже жолт картон.

Аргентинецот вербално го нападна судијата и со повисок тон го праша: „Зошто секогаш свириш против мене?“.

Дисциплинската комисија на Серија А денес го казни Игуаин со два меча суспензија, но Милан потврди дека ќе се жали на казната, со надеж дека истата ќе биде намалена на само еден меч.


Следете го Sportski.mk и на


Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Видео: Арсенал за едно полувреме ја анулира предноста!

Тимот на Арсенал вечерва на својот стадион брка негатива од еден гол на мечот со БАТЕ Бори…