Дома Фудбал Италија Милан ја зголеми понудата до Леао

Милан ја зголеми понудата до Леао

Милан и Рафаел Леао се блиску до договор за продолжување на соработката, откако „росонерите“ ја зголемија понудата, пренесува „Скај Италија“.

Преговорите помеѓу Милан и Леао за продолжување на соработката траат веќе подолго време, но сега двете страни се блиску до договор.

Леао има договор до 2024 година и е на мета на многу европски гиганти, но Милан ги одби сите понуди бидејќи сака да го задржи Португалецот.

Милан спреми нова понуда од 7 милиони евра годишно плус бонуси, притоа „росонерите“ се спремни да му дадат бонус од 5 милиони при потпис.

Леао сака да остане на „Сан Сиро“ и се очекува наскоро да стави потпис на нов договор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ливерпул ја одби понудата на Манчестер Сити за Гакпо.

Раководството на Ливерпул ја одбило понудата на Манчестер Сити за холандското крило Коди Г…