Милан е силно заинтересиран за новиот аргентински „бисер“ и сака да ја победи конкуренцијата за неговиот потпис.
Станува збор за 16-годишниот ас на Ривер Плата, Франко Мастантуоно, кој веќе го привлече вниманието на многу евроспки гиганти.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Скаутите на Милан веќе подолго време во живо ги следат настапите на младиот Аргентинец и веќе работат на трансферот.
Мастантуоно веќе неколку месеци е дел од првиот тим на Ривер и тоа беше доволно да го привлече вниманието на себе, а клазулата која сега ја има во договорот изнесува 45 милиони евра.
Милан ќе се обиде да го договори трансферот во јануари и да го остави во Ривер на позајмица додека Аргентинецот не наполни 18 години.