Дома Фудбал Италија Милан спреми нов договор за младата ѕвезда

Милан спреми нов договор за младата ѕвезда

Раководството на Милан започна преговори за продолжување на договорот на младата ѕвезда Патрик Кутроне, пренесуваат италијанските медиуми.

20-годишниот напаѓач игра фантастична сезона во дресот на „росонерите“, иако до неодамна играше со младинскиот тим.

Кутроне е најголемо откритие оваа сезона во Серија А и со 13 погодоци е прв стрелец за „росонерите“.

Медиумите на Апенините пренесуваат дека раководството на Милан спремило нов договор како награда за добрите игри.

Иако во летото го потпиша првиот професионален договор со Милан до 2021 година, сега ќе добие значително зголемување на платата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Мурињо отпиша еден од најголемите таленти во светот

Реал Мадрид би можел на самиот крај од летниот трансфер период да остане без еден од своит…