Дома Фудбал Милан спрема непријатно изненадување за Донарума

Милан спрема непријатно изненадување за Донарума

Раководството на Милан прави се за да го убеди Џанлуиџи Донарума да стави потпис на нов договор.

Договорот на Донарума истекува на крајот на сезоната и ако не го продолжи договорот може да си замине од „Сан Сиро“ како слободен агент.

И додека преговорите за продолжување на соработката се во напредна фаза, „росонерите“ покажуваат сериозен интерес за Антонио Миранте.

Меѓутоа, голманот на Рома е сметан како замена за братот на Џиџо, Антонио Донарума, кој најверојатно ќе го напушти клубот.

Антонио четири години е во Милан, но клубот одлучи да не му понуди нов договор, па на крајот на сезоната ќе се разделат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Волтемаде го спаси Јувентус, па откри: За пеналот прво го прашав Коло Муани

Јувентус остана без победа против Рен (2-2), а Ник Волтемаде откри како ја презел одговорн…