Милан во зимскиот преоден рок би можел да се засили со дефанзивецот Лојд Кели од Бормут.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Договорот на Кели истекува на крајот од оваа сезона, па Бормут сака да го продаде за да заработи нешто од неговото заминување.
Италијанскиот експерт за трансфери Фабрицио Романо објави дека Милан работи на трансферот и во Кели гледа дефанзивец за во иднина, но и сегашноста.
Меѓутоа, „росонерите“ ќе мора да ја победат конкуренцијата бидејќи за Кели интерес покажуваат многу клубови од Премиер лигата.
Кели е капитен на Бормут и игра одлична сезона, па е спремен да направи чекор напред во кариерата.