Дома Фудбал Милан подготвува понуда за играчот на Мурињо

Милан подготвува понуда за играчот на Мурињо

Според извештаите од Англија, Милан сака да го купи десниот бек на Тотенхем, Серж Орие.

Милан и претходно беше заинтересиран за репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска, но тогаш клубовите не успеаја да се договорат за цената, а сега тимот од Сан Сиро подготвува нова понуда.

До крајот на месецот, Милан би можел да понуди 15 милиони фунти за 27-годишниот Орие, но прашање е дали тоа може да го промени ставот на челниците на Тотенхем.

Стефано Пиоли сака нов десен бек незадоволен од игрите на Андреа Конти и Давиде Калабрија.

Орие дојде во Тотенхем од ПСЖ за 25 милиони фунти летото 2017 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Де Ѕерби размислува за рана пензија: „Животот не е само фудбал“

Тренерот на Тотенхем има договор до 2031 година, но призна дека не се гледа уште долго во …