Дома Фудбал Италија Милан официјално негира дека пропаднале преговорите со Леао

Милан официјално негира дека пропаднале преговорите со Леао

„Газета дело Спорт“ утрово излезе со информација дека пропаднале преговорите помеѓу Милан и Рафа Леао за продолжување на договорот.

Леао на лето влегува во последната година од договорот, а Милан веќе подолго време преговара со неговите агенти.

Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓


Проблемот настанал кога Леао побарал неговата откупна клазула да изнесува 70 или 80 милиони евра, додека Милан сака да ја задржи клаузулата од 150 милиони евра, пренесе „Газета дело Спорт“.

Весникот пренесе дека поради тоа комплетно пропаднале преговорите помеѓу двете страни, но набрзо стигна демант од Милан.

Миланскиот клуб ги демантира ваквите тврдења и истакна дека преговорите течат според планот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ајнтрахт одби 80 милиони од Њукасл за Екитике

Ајнтрахт Франкфурт ја отфрли понудата од Њукасл за Уго Екитике, пренесува Флоријан Плетенб…