Дома Фудбал Италија Милан официјално негира дека пропаднале преговорите со Леао

Милан официјално негира дека пропаднале преговорите со Леао

„Газета дело Спорт“ утрово излезе со информација дека пропаднале преговорите помеѓу Милан и Рафа Леао за продолжување на договорот.

Леао на лето влегува во последната година од договорот, а Милан веќе подолго време преговара со неговите агенти.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Проблемот настанал кога Леао побарал неговата откупна клазула да изнесува 70 или 80 милиони евра, додека Милан сака да ја задржи клаузулата од 150 милиони евра, пренесе „Газета дело Спорт“.

Весникот пренесе дека поради тоа комплетно пропаднале преговорите помеѓу двете страни, но набрзо стигна демант од Милан.

Миланскиот клуб ги демантира ваквите тврдења и истакна дека преговорите течат според планот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

(Видео) Елмас доби специјален дрес за настапот број 200 за Наполи

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас доби специјален дрес со бројката 200 по неговиот 2…