Дома Фудбал Лига на шампиони Милан од УЕФА ќе добие најмалку 45 милиони евра

Милан од УЕФА ќе добие најмалку 45 милиони евра

Вчера Милан го заврши настапот во Европа како четвртопласиран во групната фаза од Лигата на шампионите, па така не продолжува ниту во Лигата на Европа.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Денес „Калчо е Финанца“ објави дека Милан од УЕФА ќе добие најмалку 45 милиони евра и дел од тие пари ќе се потрошат на нови играчи. За Милан ова беше враќање во најелитното европско натпреварување после осум години.

Иако настапот го завршија во групната фаза финансиски не поминаа толку лошо. Така Милан ќе добие најмалку 45 милиони евра. Вкупната бројка ќе биде позната на крајот од сезоната во зависност од тоа како ќе одиграат другите екипи од Серија А.

Ако Милан се пласираше во нокаут фазата ќе имаше гарантирани уште 15 милиони евра. Очекувањата се најголем дел од сумата да се потроши на дефанзивец кој би го заменил повредениот Симон Кјаер за кого заврши сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Се појави снимка поради која целиот свет мисли дека резултатот меѓу Алжир и Австрија е договорен (Видео)

Со поделба на бодовите (3:3) во последниот натпревар од групната фаза, фудбалерите на Алжи…