Златан Ибрахимовиќ изгледа ќе остане во Милан и следната сезона.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Одличниот 38 годишен напаѓач втор пат во кариерата заигра за „росонерите“ и од неговото доаѓање постигна три гола и запиша една асистенција во девет натпревари. Милан со него изгледа многу подобро, па очекувано е Малдини и Бобан да сакаат да го задржат.
Во неговиот договор до крајот на сезоната постои клазула за автоматско продолжување на договорот ако Милан се пласира во ЛШ. Но, бидејќи Милан во овој момент е девет бода од четвртата позиција на која е Аталанта пласирање во ЛШ сезонава не изгледа реално.
Сепак „Медијасет“ објави дека Малдини и Бобан не губат време и сеa спремни на напаѓачот да му дадат годишна плата од седум милиони евра.