Дома Фудбал Милан не го дава Тео Хернандез, ќе го направи најплатен фудбалер во тимот

Милан не го дава Тео Хернандез, ќе го направи најплатен фудбалер во тимот

Тео Хернандез е еден од најважните фудбалери на Милан и клубот сака уште долго да го задржи во своите редови.

Францунот игра фантастично и се етаблираше во еден од најдобрите леви бекови во Европа, па е на мета на многу европски гиганти.

Тео Хернандез има договор со „росонерите“ до 2026 година, но Милан е спремен да му понуди нов договор со значително повисока плата.

Тео е еден од најважните играчи во тимот и моментално заработува 4 милиони евра по сезона, а со новиот договор ќе се израмни со Рафаел Леао со плата од 7 милиони евра годишно.

Реал Мадрид, Баерн Минхен и Манчестер Јунајтед се силно заинтересирани и спремаат богати понуди, но Французиот е спремен да ја прифати понудата на „росонерите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мојс бара голови во МЛС: Евертон го следи напаѓачот со 18 погодоци

Келвин Јебоа од Минесота јунајтед е меѓу опциите на Евертон за јануари. Неговата цена би м…