Дома Фудбал Италија Милан и Интер одбија реновирање на „Сан Сиро“, сакаат нов стадион

Милан и Интер одбија реновирање на „Сан Сиро“, сакаат нов стадион

Италијанските гиганти Милан и Интер го отфрлија проектот за модернизација и реструктуирање на нивниот стадион „Сан Сиро“, објави градоначалникот на Милано.

„Клубовите кажаа НЕ на реструктурирањето на Сан Сиро предложено од градежната група WeBuild. Тие доставија детални анализи за техничко-економската исплатливост и нивните заклучоци се дека овој проект не може да се изведе со одржливи трошоци и дека не сакаат да се ангажираат во таа насока“, Џузепе Сала.

„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев


Проектот за нов стадион во областа Сан Сиро наречен „Катедрала“ беше претставен во 2021 година. Но, набрзо беше напуштен бидејќи, покрај протестите на луѓето што живеат во соседството, бараше и уривање на стадионот, што не можеше да се направи поради културен интерес.

Потоа Милан започна проект за изградба на свој самостоен стадион,па клубовите сега го одбиле предлогот за реконструкција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Мбапе бара 240 милиони евра, додека ПСЖ бара 180 од него

Килијан Мбапе беше во фокусот на судска битка помеѓу него и клубот Пари Сен-Жермен. Откако…