Дома Фудбал Италија Милан го чекаат пеколни десет тена, а Пиоли се соочува со големи проблеми

Милан го чекаат пеколни десет тена, а Пиоли се соочува со големи проблеми

Eкипата на Милан во минатиот викенд беше поразена од Наполи, а во следните десетина дена „росонерите“ ги чекаат уште три дерби средби.

Во овој период Милан два пати ќе игра со Челзи во рамките од Лигата на шампионите, додека во Серија А ќе го пречека големиот ривал Јувентус. Проблемот за Милан е што во овој период ќе бидат без нивниот голман Мајк Мањан.

Францускиот голман се повреди во настапот за селекцијата на Франција против Австрија и ќе му биде потребна рехабилитација од најмалку четири недели.

За овој натпревар Пиоли ќе смета на вториот голман Татарушану. Меѓутоа тука се уште повредите на Тео Ернандез и Сандро Тонали, може да се случи во овој важен период од сезоната Пиоли да биде без тројцата стандардни првотимци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Манчестер јунајтед плати 70.000.000 фунти за да доведе играч од средниот ред!

Манчестер јунајтед заврши со ангажманот што Мајкл Керик толку го посакуваше во текот на ле…