Дома Фудбал Италија Милан го собра месечните награди во Серија А

Милан го собра месечните награди во Серија А

Од Серија А денес ги објавија месечните награди, иако во месец мај се игра уште едно коло следниот викенд.

Признанието за најдобар фудбалер му припадна на плејмејкерот на Милан, Сандро Тонали, а неговиот тренер Стефано Пиоли беше избран за најдобар во месец мај.

Милан овој месец запиша три победи, над Фиорентина, Верона и Аталанта, па заслужено наградите заминаа кај „росонерите“.

Во последното коло Милан влегува како лидер на табелата и потребен му е само бод против Сасуоло за да го освои Скудетото.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

ФИФА ја олесни казната за Аргентина за инцидентите на финалето на СП

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) донесе одлука која претставува значително олесну…