Дома Топ вести Милан го договори првото засилување

Милан го договори првото засилување

Милан ја победи конкуренцијата за јапонскиот репрезетативец и ѕвезда на Ајнтрахт, Даичи Камада, пренесува „Билд“.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Камада игра фантастична сезона и до овој момент има 16 гола и 6 асистенции, а на лето ќе биде слободен агент и без обештетување ќе го напушти клубот.

За Камада интерес покажуваа уште Борусија Дортмунд и Наполи, но Милан ја победи конкуренцијата.

„Калчомеркато“ пренесува дека „росонерите“ постигнале договор со Јапонецот, кој во наредните денови ќе пристигне во Милано на лекарски прегледи.

Камада ќе потпише 4-годишен договор со Милан и ќе заработува 3 милиони евра по сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…