Дома Фудбал Милан го „блиндира“ најголемиот италијански талент

Милан го „блиндира“ најголемиот италијански талент

Младиот фудбалер на Милан Франческо Камарда има само 16 години, но веќе важи за најголемиот талент во италијанскиот фудбал.

Тој денес стави потпис на првиот професионален договор и се обврза на верност со Милан, иако беше на мета на многу европски гиганти.

Неодамна испиша историја и стана најмладиот дебитант во историјата на Серија А откако дебитираше за Милан на „Сан Сиро“.

Фудбалските експерти тврдат дека станува збор за „вундеркинд“, а Милан успеа да го задржи со долгорочен договор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Понуди од 100 милиони за Фермин: Јунајтед и Челси притискаат, но имаат голема пречка

Барселона наводно добила понуди од околу 100 милиони евра за Фермин Лопез. Јунајтед и Челс…