Дома Фудбал Италија Милан „блиндира“ тројца важни фудбалери

Милан „блиндира“ тројца важни фудбалери

Милан игра одлично сезонава и е најсериозен конкурент на Интер во битката за титулата во Серија А.

Мисијата на клубот е што побрзо да обезбедат нови договори за најважните фудбалери на тимот, а Малдини за таа цел издвоил 80 милиони евра.

„Газета дело Спорт“ пренесува дека преговорите се во напредна фаза со Тео Хернандес, Рафаел Леао и Исмаил Бенасер.

Тројцата фудбалери имаат договори со „росонерите“ до 2024 година, но Милан сака да ја продолжи соработката и да им даде зголемување на платата.

Се очекува тројцата наредниот месец да стават потписи на договори до 2026 година според кои ќе заработуваат по 4 милиони евра.

Преговорите со Френк Кеси се во застој и големи се шансите тој на крајот на сезоната да си замине како слободен агент.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Двајца отсуствуваа од тренингот на Тотенхем, за едниот причината веќе е позната

Тотенхем објави нови снимки од тренингот, а навивачите веднаш забележаа дека Лукас Бергвал…