Дома Македонски спорт Мак баскет МЗТ Скопје блесна: Одлична партија против моќната Игокеа

МЗТ Скопје блесна: Одлична партија против моќната Игокеа

МЗТ Скопје оствари голем триумф против Игокеа со 108:99 во рамки на АБА регионалната лига.

По последниот меч од 4. коло, МЗТ се наоѓа на средината на табелата. Аеродромци одлично го одиграа целиот меч, доминираа, а тоа го покажаа и 13 постигнати тројки.

Предводниците на Тодоров беа расположени за игра, а беа надмоќни против Игокеа иако на теренот ги немаше Мекиќ и Џенсен.

Во таборот на МЗТ најпрецизен беше Дамјан Стојановски со постигнати 23 поени.

МЗТ во следното коло ќе го дочека тимот на Цибона во СЦ „Јане Сандански“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак баскет

Проверете

Чатлески ја брка четвртата победа во Неготино, Мариќ е следниот тест

Непоразениот Матеј Чатлески ќе боксува со Леон Мариќ на 31 октомври во Неготино. Нивниот м…