Дома Останати Кошарка МЗТ и Карпош Соколи финалисти во Суперкупот

МЗТ и Карпош Соколи финалисти во Суперкупот

МЗТ Скопје и Карпош Соколи ќе се борат за првиот трофеј на домашнатат сцена, откако со победите над Фени индустри, односно Куманово, изборија пласман во финалето на Суперкупот.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Актуелниот шампион и бранител на трофејот во Суперкупот, МЗТ, во првиот меч на турнирот, кој се игра во „Јане Сандански“, го декласира Фени индустри со 83-50. Американецот, кој ова лето пристигна во екипата од Аеродором, Џошува Смит со 14 кошеви го предводеше МЗТ.

Малку повеќе неизвесност имаше во вториот полуфинален дуел во кој Карпош Соколи славеа 82-72 против Куманово. Најефикасен играч на натпреварот беше Данило Мијатовиќ од Куманово со 21 поен.

Финалниот меч ќе се одигра в петок од 20:30 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Toлку: Леброн може да оди на одмор, Оклахома ги прегази во серијата! (Видео)

Оклахома Сити Тандер ги совлада Лејкерс со резултат 4-0 во серијата и се пласира во финале…