Дома Останати Мејведер сака да се бори со Кабиб и Конор во – ист ден!

Мејведер сака да се бори со Кабиб и Конор во – ист ден!

Суперборбата помеѓу Флојд Мејведер и Конор Мекгрегор летото 2017 година беше голем спектакл, Мејведер победи и така стигна до јубилејниот 50-ти триумф.

Конор сака реванш, а и публиката сака да види уште една борба помеѓу нв двајца. Мејведер пак е спремен да оди чекор понатаму и да се бори со Кабиб Нурмагомедов.

Сега Мејведер изјави дека би се борел со Кабиб и со Конор во ист ден.

„Разговаравме дури и за тоа борбата со Кабиб и Конор да биде во ист ден. Со Кабиб би се борел преку ден, а со Конор навечер. Гледачите би платиле единствена цена, веројатно 250 долари за да ги гледаат двете борби“, изјави Мејведер.

Секако дека станува збор за следење на натпреварите преку некој пренос на тв или интернет, додека влезниците за следење на борбата во живо сигурно би биле многу поскапи.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Кинески атлетичар истрча маратон од 66 километри низ неговиот дом (ВИДЕО)

Кинескиот атлетичар Пан Шанцу се реши на интересен подвиг. Шанцу во неговиот дом истрчал 6…