Дома Останати Ракомет Мешков Брест прегазен во „Јане Сандански“, Вардар во финалето на СЕХА

Мешков Брест прегазен во „Јане Сандански“, Вардар во финалето на СЕХА

Македонскиот и европски шампион Вардар ја оправда фаворитската улога и буквално го прегази тимот на Мешков Брест во полуфиналето од СЕХА лигата.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Во спортскиот центар „Јане Сандански“ Вардар со резултат од 33:24 го победи Мешков Брест и се пласираше во финалето каде што ќе го чека противникот од вечерашниот натпревар помеѓу Загреб и Цејле.

Вардар во првиот дел како да не го покажа целиот свој квалитет и „педалата за гас“ ја стисна во вториот дел. По првиот половина час игра „црвено-црните“ имаа предност од само три голови разлика 17:14.

Сепак, на самиот старт од вториот дел Вардар покажа дека е подобар тим и по десет минути игра стигна до предност од 22:14. Крајниот резултат на крајот гласеше 33:24.

Лука Циндриќ беше човекот кој беше најдобар стрелец со шест голови, а по пет постигнаа Карачиќ, Чупиќ и Шишкарев.

Фантастичен на голот и на оваа средба беше Арпад Штербик кој стигна до бројката од 18 одбрани.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Пелистер потпиша со млад хрватски репрезентативец!

Екипата на Еурофарм Пелистер продолжува да го гради тимот за иднината, откако ги обезбеди …