Дома Македонски спорт Металург немоќен, прими 40 гола од Чеховски Медведи

Металург немоќен, прими 40 гола од Чеховски Медведи

Tимот на Металург денес беше декласиран на гости против Чеховски Медведи со 40:27 во рамките од 6. коло во Европската лига.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Јасно беше дека со 11 ракометари во составот Металург тешко ќе направи нешто повеќе.

Победникот брзо решен, после почетните 3:3 Чеховски направија серија од 8:1 и водеа со 11:4. После 21 минута домаќинот направи и предност од 10 гола разлика (17:7). На полувреме се замина со резултат 22:11.

Во продолжение не видовме ништо поразлично, Чеховски немаа никакви проблеми и го приведоа мечот кон крајот. Може да се каже дека нападот на Металург за нијанса беше подобар, меѓутоа одбраната беше проблем за тимот од Автокоманда.

Најефикасни беа Поповиќ, Рниќ и Хорват со по шест гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Шкендија: Доколку ФФМ не ја промени одлуката, го напуштаме фудбалот во Македонија

Поранешниот македонски шампион Шкендија реагираше по казната од Фудбалската федерација на …