Дома Фудбал Англија Месут Озил се врати – погодува и асистира! (ВИДЕО)

Месут Озил се врати – погодува и асистира! (ВИДЕО)

Арсенал во рамките од 28-то коло во Премиер лигата на свој терен игра против Бурнемоут.

Се играше само четвртата минута кога Арсенал успеа да го скрши отпорот на противникот и да стигне до погодок. Она што е интересно е што стрелец на голот за „топџиите“ е Месут Озил.

За Озил во последно време навикнавме да слушаме негативни работи, но Германецот сега со еден мајсторски финиш покажа дека се уште поседува желба да го носи дресот на Арсенал.

Дека ова е негова вечер Озил покажа уште еднаш во 27-та минута кога му асистираше на Хенрик Микхтаријан кој ја погоди мрежата на Бурнемоут за 2:0.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Манчестер јунајтед плати 70.000.000 фунти за да доведе играч од средниот ред!

Манчестер јунајтед заврши со ангажманот што Мајкл Керик толку го посакуваше во текот на ле…