Дома Фудбал Меси ја промовираше топката за Мундијалот во Катар📷

Меси ја промовираше топката за Мундијалот во Катар📷

Производителот на спортска опрема „Адидас“ ја претстави топката со која од 21 ноември до 18 декември ќе се играат натпреварите на Светското првенство во Катар.

„Ал Рихла“ (арапски збор што значи патување) е топката со која ќе играат натпреварите на Мундијалот, а денес беше презентирана од страна на Лео Меси.

„Ал Рихла“ е 14-та по ред топка што „Адидас“  ја произведува за Светско првенство и најбрзо се движи низ воздухот во споредба со нејзините претходници низ историјата.

Топката е направена со цел да се подобри точноста и брзината на движење низ воздухот и на тревникот.

Дизајнот на шарите на топката е инспириран од катарската архитектура.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Милан го следи Калвани, Џенова ги мерка Камарда и Комото

Тројца млади Италијанци се во фокусот на Милан и Џенова, но „росонерите“ не сакаат трајно …