Дома Фудбал Лига на шампиони Меси со оваа изјава го „пецна“ Гвардиола

Меси со оваа изјава го „пецна“ Гвардиола

После декласирањето на Манчестер Сити и Пеп Гвардиола во рамките на ЛШ, Лео Меси со својот тим сега им оди на мегдан на „Етихад“.

Меси пред овој натпревар истакна дека откако заминал Гвардиола неговиот тим игра многу поагресивен фудбал под водство на Луис Енрике.


Лига Нации: Се освен прво место ќе биде катастрофа за Македонија! ↓↓↓


„Ние имаме систем и секој тренер тој систем си го прилагодува на себе. Немаше премногу промени откако замина Гвардиола, но со Енрике сме повеќе агресивни и играме повеќе на полуконтри, додека со Пеп беше поинаку“, изјави Меси.

Аргентинецот истакна дека најголема опасност за неговиот тим претставува Кун Агуеро, напаѓач кој може сам да го реши секој натпревар.

„Сити е голем клуб, а со Гвардиола можат само додатно да пораснат. Агуеро е еден од најдобрите напаѓачи на светот, како што е Луис Суарез. Двајцата можат лесно да го решат секој натпревар“, истакна Меси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Милевски откри од кои фудбалери очекувал повеќе денеска

Македонската фудбалска репрезентација денеска одигра само реми против Фарски Острови (1:1)…