Дома Фудбал Меси: Сега повеќе мислам за играта, а помалку за головите

Меси: Сега повеќе мислам за играта, а помалку за головите

Ла Лига го слави 90-тиот роденден и по тој повод за крај на годината тие направија интервју со Лионел Меси.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Меси се запиша како најдобар голгетер во шпанската фудбалска лига и самиот призна дека тој рекорд му е еден од омилените кои ги остварил во кариерата. Аргентинецот до тој рекорд стигна уште во 2014 година кога го помина Телмо Зара. Во овој момент е на бројката од 432 гола во Примера.

„Многу пати се сеќавам кога Ето ми кажуваше: „Ќе дојде ден кога ќе почнеш да постигнуваш голови“, бидејќи тогаш имав многу шанси, а постигнував малку голови. Еден ден се опуштив и шансите почнав да ги претворам во голови. Сега дојде период кога мислам повеќе за играта, а помалку за головите“, изјави Меси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барселона и ПСЖ постигнаа договор: Ова се сите детали за трансферот на Феран Торес

Париз Сен-Жермен постигна прелиминарен договор со Барселона за трансфер на Феран Торес, и …