Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Меси потврди: Финалето е негов последен натпревар за Аргентина!

Меси потврди: Финалето е негов последен натпревар за Аргентина!

Аргентина се пласираше во финалето на Светското првенство откако вчера ја победи Хрватска со 3:0, а Меси уште еднаш дојде блиску до трофејот кој му недостига во спектакуларната кариера.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Меси игра фантастично Светско првенство и повторно потсетува на неговите најдобри денови од Барселона.

На четири натпревари од шест колку што досега одиграа Аргентинците Меси беше играч на мечот.

Големото финале в недела од 16:00 часот ќе биде неговиот последен натпревар во дресот на Аргентина.

„Горд сум што ќе ја завршам репрезентативната кариера со настап во финале на Светско првенство. Неверојатно е ова што му се случува.

Во недела ќе играм најдобро што можам. Уживам и се чувствувам подготвен за натпреварот. За Хрватска добро се подготвивме и знаевме да ги искористиме нејзините слабости“, изјави Меси.

Во финалето Аргентина го чека подобриот од денешното второ полуфинале помеѓу Франција и Мароко.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Меси го пропушти тренингот поради повреда на главата

На само неколку дена пред полуфиналниот натпревар на Светското првенство против Англија, в…