Дома Фудбал Меси на смешен начин го бранеше Дембеле: Тој не знае да зборува! (ВИДЕО)

Меси на смешен начин го бранеше Дембеле: Тој не знае да зборува! (ВИДЕО)

Осман Дембеле е под сериозна закана да го пропушти „Ел Класико“ кое се игра во рамките од 10-тото коло во Ла Лига.

Дембеле заработи исклучување во самата завршница од натпреварот против Севиља. Наводно фудбалерот на Барселона покажал непочитување и му се обратил на судијата со зборовите: Многу си лош. Во таква ситуација фудбалерите вообичаено добиваат минимална казна од два натпревари суспензија, ќе се почека да се види што ќе одлучи дисциплинската комисија.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


После натпреварот тренерот на Барселона, Ернесто Валверде зборуваше дека тоа му е чудно затоа што Дембеле не знае многу да зборува шпански. Дека навистина е така покажува и рекацијата на Меси кога на натпреварот го бранеше Дембеле.

„Тој не знае да зборува, не знае да зборува“, му објаснуваше Меси на Лахоз.

Сепак, судијата и покрај тоа остана на својата одлука и го испрати Дембеле порано во соблекувалната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јувентус го сака Санчо, но испратил понижувачка понуда

Санчо наводно се договори со Јувентус, но клубовите уште не го постигнале потребниот догов…