Дома Фудбал Репрезентации Меси лут на бразилскиот судија: Секогаш ја прави истата работа

Меси лут на бразилскиот судија: Секогаш ја прави истата работа

Аргентина вчера во натпревар од квалификациите за Светското првенство го победи Перу со 1:0.

Аргентинците во Буенос Аирес тешко, но сепак заслужено дојдоа до нова победа и се најдоа на чекор од обезбедување пласман на Мундијалот во Катар. Единствениот гол на натпреварот го постигна Лаутаро Мартинез, а Лионел Меси по мечот се пожали на судењето.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Тежок натпревар денес. Немаше многу простор кој можеме да го искористиме, а играњето на ветер ни ги отежни работите. Овој судија секогаш кога ни суди ја прави истата работа. Можеби тоа го прави намерно. Во секој случај среќен сум за трите бода и што сме чекор поблиску до целта“, изјави Меси.

Судијата на натпреварот беше Бразилецот, Вилтон Переира Сампаио (39) и тој на Аргентина и судеше во јуни против Уругвај (1:0) и Еквадор (3:0) на Копа Америка. Скоро секогаш кога суди Аргентина победува, но Меси поради нешто е незадоволен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Клаузула во договорот на Мурињо ги отвора вратите кон Реал Мадрид

ЖОЗЕ МУРИЊО има клаузула во договорот со Бенфика која може да го направи достапен уште ова…