Един Џеко и Мохамед Салах, во моментов, се најдобрата напаѓачка двојка во најсилните пет национални првенства во Европа.
Екипата на Рома на 12 натпревари има постигнато 29 голови, а 18 од нив се дело на тандемот Џеко-Салах. Репрезентативецот на БиХ, Џеко, има постигнато 10 голови и заедно со Икарди го дели првото место на листата на најдобри стрелци, додека Салах е стрелец на осум гола.
Викенд за уживање: Дерби до дерби секаде! ↓↓↓
Тандемот на Рома, во овој момент има постигнато повеќе голови од тандемот на Барселона Лионел Меси-Луис Суарез во шпанскиот шампионат. Меси и Суарез, во неделата постигнаа по еден гол во победата на Барса во Севилја со што стигнаа до бројката од 16 погодоци.
Ист број на погодоци како тандемот Меси-Суарез имаат постигнато Единсон Кавани и Лукас Моура од ПСЖ во Франција, односно тандемот на Челзи Диего Коста-Еден Азар во англиската Премиерлига.