Дома Фудбал Меси или Роналдо? Еве што одговори Лампард на тоа прашање

Меси или Роналдо? Еве што одговори Лампард на тоа прашање

Сегашниот тренер на Челзи Френк Лампард во својата кариера како играч се сретнал со бројни легендарни фудбалери.

Лампард сега одговараше на прашања кои му ги поставуваа деца од партнерските клубови на Челзи. Во таа прилика тој избра и тим од најдобрите седум играчи.

„Мануел Ноер, Рио Фердинанд, Стивен Џерард, Зинедин Зидан, Роналдињо, Лионел Меси и Кристиано Роналдо“, гласеше одговорот на Лампард.

Секако, не можеше да го избегне и вечното прашање – Роналдо или Меси?

„Ох, ова е тешко прашање. Ајде ќе кажам Меси затоа што тој е чист талент, но се воодушевувам и на она што Роналдо го постигна, навистина е чудесен“, одговори тренерот на Челзи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Охрид ја брани предноста, Пелистер и Работнички бараат бодови на гости

Седумте средби од 11. коло во Втората лига почнуваат во 13 часот. Водечката тројка влегува…