Дома Фудбал Останато Меси е лут, смета дека критиките се незаслужени

Меси е лут, смета дека критиките се незаслужени

Лионел Меси е многу лут на критиките кои ги добива од француските медиуми за неговата прва сезона во Пари Сент Жерен, тврди „Паризиен“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Аргентинската ѕвезда има само 1 гол на 16 меча оваа сезона во Лига 1. Меси доби и оценка 3 од еминентниот „Екип“ за неговата лоша игра против Реал Мадрид во Лигата на шампиони.

Седумкратниот освојувач на „Златата топка“ им се жалел на соиграчите за критиките и смета дека се незаслужени. Меси не успеа да ги одработи подготовките во предсезоната со ПСЖ и имаше неколку повреди од почетокот на сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Најголема сензација на Мундијалот: Шпанија не победи против Зеленортски Острови!

Првиот фаворит на Светското првенство, фудбалската репрезентација на Шпанија, не успеа да …