Дома Фудбал Италија Меси доби понуда од Серија А, но не од Интер

Меси доби понуда од Серија А, но не од Интер

Лионел Меси е во центарот на вниманието откако синоќа стана јасно декка побарал да си замине од Барселона.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Аргентинецот испратил факс во клубот со кој го известува дека сака да го напушти „Камп Ноу“ ова лето.

Веќе почнаа шпекулации за тоа каде ќе ја продолжи кариерата, а денес Сампдорија преку Твитер испрати понуда до Меси.

„Последен пат кога проверивме, нашата ‘десетка’ беше слободна“, се пошегуваа од Сампдорија.

Тоа не е крај. На нивната објава се надоврза легендата на клубот, Роберто Манчини кој своевремено го носеше дресот со број 10.

„Со задоволство би му ја предал ‘десетката’ на Меси“, напиша Манчини.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Анчелоти ова нема да го прости: Нејмар си „пресуди“ со овој потег (Видео)

Целиот фудбалски свет брои до средината на мај кога селекторот на најтрофејната репрезента…