Дома Топ вести Меси веќе го избра својот нареден клуб!?

Меси веќе го избра својот нареден клуб!?

Светската јавност пред неколку дена беше шокирана од информацијата дека Меси одбил да го продолжи договорот со Барселона, а сега медиумите предвидуваат која ќе биде следната дестинација на Аргентинецот.

Меси одличил да ја напушти Барса од моментот кога добил пресуда од шпанскиот суд за затајување на данок, а англискиот новинар, Стјуарт Бренан тврди дека неговиот следен клуб ќе биде Манчестер Сити.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Меси се споменува како ново сензационално засилување на Манчестер Сити наредното лето. Доколку не сака да го продолжи договорот, реално е дека Барса ќе биде отвирена за понудите пред да му истече актуелниот договор. Во Сити сметаат дека ќе имаат предност пред другите заинтересирани клубови доколку Меси одлучи да ја напушти Барса“, тврди англискиот новинар.

Договорот на Меси истекува во 2018 година па дколку наскоро не го продолжи ќе влезе во последната година од договорот, што значи дека Барса ќе биде приморана да ги разгледува понудите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Македонската делегација продефилира на свеченото отворање на ЛОИ

Знаменосците Дарио Ивановски и Мила Релјиќ го развеаја македонското знаме на бродот по Сен…