Дома Фудбал Италија Месиас: Во Милан сум затоа што заслужив, доста со приказните за бајките!

Месиас: Во Милан сум затоа што заслужив, доста со приказните за бајките!

Бразилскиот фудбалер Жуниор Месиас (30) максимално ја користи шансата во екипата на Милан.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Месиас зад себе има тешка приказна. Пред 10 години пристигна во Италија и работеше се што можеше за да го прехрани семејството. Работеше како градежник, потоа доставувач на бела техника, па затоа има приказна како за на филм.

Среќата му се насмевна во 2015 година кога во пониските лиги го откри Енцо Роси и го убеди да се посвети на фудбалот после сите разочарувања во кариерата. Пред две години играше во Серија Ц, а ова лето потпиша за Милан каде што пристигна од Кротоне.

Бројни медиуми ја пренесуваа тажната приказна за неговото минато, а тоа му здосадило.

„Во Милан сум затоа што заслужив. Доста ми е од приказните за бајки и што сум работел за да станам професионалец. Сега сакам само да зборувам за сегашноста и што правам денес“, порача Месиас.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Очајнички потег на Бенфика да го привлече Мурињо за Лисабон пред Реал Мадрид

Управата на Бенфика е решена да го задржи својот главен тренер Жозе Мурињо, додека расте и…