Дома Фудбал Англија Менаџерот ја постави цената на Халанд

Менаџерот ја постави цената на Халанд

Менаџерката на Ерлинг Халанд му постави цена од 1 милијарда евра на норвешкиот напаѓач.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Халанд минатото лето реши да се пресели во Манчестер Сити, а „граѓаните“ ја платија откупната клаузула од 70 милиони евра.

Пиминта откри зошто Халанд ги одбил Реал, ПСЖ, Манчестер Јунајтед, Челзи и ја прифатил понудата на Сити.

„Знаете, тој потекнува од фудбалско семејство. Неговиот татко играше за Манчестер сити и има фотографии од Ерлинг како го носи тој дрес како дете. Мислам дека причините беа лични. Мислам дека тој сакаше да ја доживее Премиер лигата”, изјави менаџерката за „АС“.

„Во моментов најскап трансфер е тој на Нејмар од 222 милиони евра. Но сега работите се променија, цената на фудбалерите е повисока, па сметам дека Халанд во моментов вреди 1 милијарда евра. Веројатно никој нема да плати толку, но тоа е цената поради потенцијалот и должината на договорот“, заклучи Пимента.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Романо го потврди големиот трансфер: Тој е новиот играч на Манчестер Јунајтед!

Манчестер Јунајтед ќе има многу силен тим во следната сезона подготвен за големи успеси. Ф…