Дома Топ вести Медиумите во Мадрид ГРМАТ, а после овие ФАКТИ имаат и право!

Медиумите во Мадрид ГРМАТ, а после овие ФАКТИ имаат и право!

Реал Бетис ги шокираше „кралевите“ во минатото коло, Санабрија погоди во финишот за големо славје на гостите, а после овој натпревар медиумите во Мадрид се занимаваа со статистиката за пенали и бараат објаснување, можеби и со право…

„Кралевите“ во овој момент играат лошо и тоа е јасно, Барса заслужено има предност од седум бодови во однос на избраниците на Зинедин Зидан, но неверојатно звучи податокот дека верувале или не против Барса во примера во последните две сезони е досуден само ЕДЕН пенал.


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Имено, Каталонците одиграле 81 натпревар во кои тие добиле 30 пенали, а противниците како што кажавме само еден. И не е само тоа, Барселона во последните две години заработила само едно исклучување.

Од друга страна само за споредба, Реал Мадрид во исто толку натпревари шутирал 17 пенали, а Роналдо и компанија заработиле 21 црвен картон.

Навистина зачудувачки факти…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Официјално: Вардар има нов газда!

Oд екипата на Вардар денес и официјално потврдија дека Атила Бижен Жалили откупил 85% од а…