Денес од 17:00 часот на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари се игра „вечното дерби“ помеѓу Вардар и Пелистер.
Резултатски натпревар нема преголемо значење затоа што Вардар е трет со пет бода заостанување зад Гостивар, додека Пелистер има шест помалку од Вардар на четвртата позиција.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Вардар има сигурен бараж, Пелистер нема шанси да напредува, а за црвено-црните да дојдат до второто место потребно е Гостивар да ги загуби двата последни натпревари што е еднакво на чудо затоа што гостиварци се единствениот непоразен тим во досегашниот дел од сезоната.
Меѓутоа и во таква ситуација ова дерби го привлекува вниманието на македонската спортска јавност, сепак поради одлука на МВР се игра без гостински навивачи.
„Комити“ сепак испратија апел до „Чкембари“ да дојдат на дербито.
„Одлуката која МВР ја наметна, со цел забрана за гостински навивачи, за денешниот натпревар помеѓу ФК Вардар и ФК Пелистер, не ја признаваме!
Упатуваме апел до навивачката група “Чкембари Битола”, денес да дојдат на стадионот во Маџари. Ние сме гаранција дека безбедно ќе влезете и ќе го напуштите стадионот. Борбата за достоинството на навивачот е наша заедничка и примарна борба. Ве очекуваме!“, порачаа од вардаровата навивачка група.