Килијан Мбапе ќе се пресели во Реал Мадрид како слободен играч и ќе потпише петгодишен договор со „кралскиот“ клуб.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Веста ја потврдија сите водечки светски медиуми, а се очекува Реал Мадрид официјално да ја објави дури кога ќе биде целосно јасно дека ПСЖ и мадридскиот клуб оваа сезона повеќе не можат да се сретнат во Лигата на шампионите.
Мбапе ќе добие петгодишен договор со плата од 15 милиони евра по сезона, плус бонус од 150 милиони евра при потпис на договорот. Исто така ќе добие и голем процент од неговите маркетиншки права.
Се очекува Мбапе да го добие дресот со број 10, со оглад на фактот дека Модриќ ја игра последната сезона за Реал.