Дома Фудбал Останато Мбапе: Ќе биде срам ако „Златната топка“ не ја освои Французин!

Мбапе: Ќе биде срам ако „Златната топка“ не ја освои Французин!

Ѕвездата на ПСЖ и француската репрезентација, Килијан Мбапе искрено тврди дека Меси и Роналдо се уште се најдобри во светот, но смета дека „Златната топка“ треба да ја освои Французин.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Францускиот тинејџер се надева токму тој да ја добие престижната награда, откако одигра фантастична сезона со клубот и репрезентацијата.

„Никој не е на нивото на Меси и Роналдо. Не можеме да кажеме дека дошол крајот на нивната ера, таа ќе заврши кога некој ќе биде подобар од нив. Но мислам дека нема да ја освојат оваа „Златна топка“, бидејќи имаше Светско првенство, а во таква година е различно. Но ако зборуваме како играчи, нема подобри од нив“, изјави Мбапе.

Мбапе се надева да биде првиот Французин после Зидан кој ќе ја освои „Златната топка“.

„Се надевам бидејќи постигнав многу големо нешто. Мислам дека ќе биде срамно доколку не ја освои Французин таа награда. Напишавме историја и ќе биде убаво да бидеме наградени“, заклучи 19-годишниот фудбалер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Звер од над 100 милиони го заменува Мохамед Салах во Ливерпул!

Една ера во Ливерпул завршува. Заминувањето на Мохамед Салах, а веројатно и на Вирџил ван …