Дома Фудбал Останато Мбапе: Уште во јули побарав да го напуштам ПСЖ

Мбапе: Уште во јули побарав да го напуштам ПСЖ

Ѕвездата на Пари Сент Жермен, Килијан Мбапе откри дека уште во јули го известил раководството на клубот дека сака да ја промени средината.

Во последните денови од преодниот рок Реал Мадрид испрати неколку понуди за неговиот потпис, но ПСЖ ги одби.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Мбапе влезе во последната година од договорот и тврди дека неговото заминување сакал да биде добра зделка за клубот.

„Го замолив клубот за можноста да заминам, бидејќи од моментот кога решив дека нема да потпишам нов договор сакав клубот да добие трансферна сума за мене. Овој клуб ми даде многу и во целиот мој престој бев многу среќен. Го известив клубот навремено за да може да реагира. Сакав сите да излеземе задоволни од оваа ситуација. Им кажав дека ако не сакаат да ме пуштат ќе останам“, искрен беше Мбапе.

„Луѓето зборуваат дека сум одбил шест или седум понуди за нов догпвор, но тоа не е точно. Мојата позиција беше јасна, кажав дека сакам да си одам и го кажав на време. Не го кажав тоа во последната недела од август, туку го известив раководството уште во јули“, додаде Мбапе во интервју за „РМЦ“ спорт.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…