Дома Фудбал Мбапе со една фотографија ги налути навивачите на Реал Мадрид 📸

Мбапе со една фотографија ги налути навивачите на Реал Мадрид 📸

Напаѓачот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе не е со репрезентацијата за овој циклус во Лигата на Нации, па времето го користи и за опуштање.

На социјалните мрежи, Мбапе објави фотографија со неговиот пријател и поранешен соиграч од редовите на ПСЖ, Ашраф Хакими.

Мбапе и Хакими на фотографијата играат ФИФА, меѓутоа еден детал во позадина го привлече вниманието на фановите на „кралевите“. Голем број навивачи на гигантот од Мадрид не се задоволни и водат расправа за професионалноста на Французинот.

Имено, на фотографијата во позадина се гледа справа за наргиле. Иако се работи за тренд застапен кај помладите се верува дека може да биде штетен за здравјето.

Навивачите бараа реакција од Реал Мадрид и забрана до Мбапе за користење на работи кои може да влијаат во неговата игра на теренот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Го остави Марадона дома и ја одведе Аргентина до првата светска круна

Сезар Луис Меноти не попушти пред критиките поради изоставувањето на 17-годишниот Марадона…