Дома Фудбал Мбапе испиша историја во Лига 1 – го надмина Ибрахимовиќ!

Мбапе испиша историја во Лига 1 – го надмина Ибрахимовиќ!

Килијан Мбапе по четврти пат беше прогласен за најдобар играч во француската Лига 1.

Францускиот ас оваа сезона во првенството постигна 28 голови и на добар пат е по петти пат во низа да биде најдобар стрелец. Напаѓачот на Лион, Александар Лаказет има само гол помалку на едно коло пред крајот на првенството.

Мбапе е првиот фудбалер кој четири пати беше прогласен за најдобар играч во Лига 1 од кога оваа награда се доделува за првпат во 1994 година. Тој го надмина Златан Ибрахимовиќ кој наградата ја доби трипати.

„Задоволство е што се запишав во историјата од Лига 1. Искрено не очекував ова да се случи толку брзо“, изјави Мбапе по добивањето на наградата.

Франк Хејсе од Ленс беше прогласен за тренер на сезоната бидејкќи успеа да го одведе тимот до второто место и да го врати во Лигата на шампионите по две децении.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Нешвил на бод до трофеј, Калахан предупредува: Нема место за опуштање!

Реми во Монтреал ќе му биде доволно на Нешвил за „Сапортерс шилд“, но Би Џеј Калахан бара …