Дома Фудбал Останато Мајкл Овен има ново хоби и веќе освојува медали!

Мајкл Овен има ново хоби и веќе освојува медали!

0

Прославениот англиски фудбалер, Мајкл Овен веќе покажа дека е добар и во своето ново хоби.

Мајкл Овен учествуваше на хуманитарниот натпревар во јавање коњи во Аскота, а на истиот го освои и второто место.

Овен јаваше „Calder Prince“, а пред него заврши само Том Четфајлд-Робертс.

„Тој е дијамант помеѓу коњите, воодушевен сум од своето ново искуство“, изјави Овен за својот миленик.

„Кога ги гледате трките со коњи на телевизија се изгледа лесно, но воопшто не е така. Сега се чуствувам безбедно, а ако се земе предвид дека до пред шест месеци никогаш не сум јавал во мојот живот, презадоволен сум. Во текот на моите тренинзи три пати паднав и во тие моменти си помислив што воопшто правам. Во прашање се брзи и опасни животни, па поради тоа не смеете да биде несериозни. Ако имате страст и желба, секоја капка пот и паѓање навистина вреди“, изјави Овен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Повеќе S. D.
Load More In Останато

Проверете

Марадона се обрати и откри кога последен пат конзумирал дрога

Диего Армандо Марадона им се обрати на своите фанови преку својот Фејсбук профил. Според м…